well-being

3 чекори до поголема самодоверба
Самодовербата не е нешто со кое едноставно се раѓаме. Таа се гради со време, со искуство и со мали чекори кои секојдневно ги правиме. Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација во која сте сакале да кажете нешто, да го изразите своето мислење или да направите важен чекор, но сте се премислиле во последен момент. Можеби сте помислиле дека не сте доволно добри. Или сте се запрашале што ќе мислат другите.

Кога бракот ќе стане рутина: Како повторно да ја разбудите страста?
Со годините, љубовта во бракот се менува. Почетната возбуда можеби не е секогаш присутна на истиот начин, а секојдневието знае тивко да се вмеша меѓу двајца луѓе кои некогаш не можеле да замислат ден еден без друг. Но тоа не значи дека блискоста исчезнала. Понекогаш само се изгубила меѓу обврските, навиките и брзиот ритам на животот. А кога повторно ќе ѝ посветите внимание, може да откриете дека љубовта е сè уште тука – само изгледа малку поинаку.

Мали ритуали, голема разлика: како полесно да се исклучите после работа
Работниот ден можеби завршува во 17 часот, но за многу жени тоа е само почеток на вториот дел од денот. Особено ако сте мајка, „после работа“ често значи ручек, домашни задачи, деца, вечера, пораки, подготовки за утре… и дури потоа, ако остане време, малку време за себе.

7 дена за себе: Неделен план за мајки кои сакаат да се чувствуваат подобро
Грижата за себе не мора да значи слободен цел ден, спа викенд или совршена утринска рутина. Понекогаш е доволно да направите една мала работа која ќе ви каже:„И јас сум важна.“

Зошто на мајките им треба одмор по одморот
За мајките, одморот често не значи целосно исклучување. Наместо утрински аларм, тука се будењето на децата. Наместо мирно кафе, појадок, пакување, пресоблекување и сто други ситници. А дури и кога сите уживаат, мама често е таа што размислува што треба да се понесе, каде се кремите за сончање, кога е ручекот и дали сите имаат сè што им треба.

Мајчинството и чувството на вина: Зошто ни е толку тешко да одмориме?
„Конечно имам неколку минути за себе.“ Можеби и ти често си го кажуваш ова. Но наместо одмор, во главата започнува списокот со обврски. И пред да земеш здив, повторно си на нозе.

Доење во јавност: Зошто не треба да се чувствувате непријатно
Да се стане мајка значи животот да се прилагоди на потребите на едно мало суштество. А кога бебето е гладно, часовникот, местото или околината едноставно не се важни. Сепак, многу мајки признаваат дека токму доењето во јавност е една од ситуациите што им создава најголема несигурност.

Кога партнерите стануваат само цимери: Како да ја прекинете рутината во бракот?
На почетокот од врската сè е возбудливо, но со текот на времето обврските можат да ја потиснат романтиката. Така многу парови влегуваат во „цимерска фаза“ – живеат заедно, но ја губат емоционалната поврзаност.

Кога сè се врти околу него: Како изгледа бракот со партнер кој покажува нарцисоидни особини?
На почетокот од бракот многу работи изгледаат едноставни. Заедничките планови, поддршката и чувството дека секогаш имате некој покрај себе создаваат сигурност. Но, кај некои парови со текот на времето односот почнува да се менува, а едниот партнер сè почесто ги става сопствените потреби пред потребите на семејството.

Зошто сè повеќе жени пешачат после јадење?
По долг ден, брз ручек или доцна вечера, најчесто сакаме само да седнеме и да одмориме. Но токму тогаш телото има најголема корист од едно мало wellness правило што последниве години стана омилено меѓу жените што внимаваат на своето здравје — кратка прошетка после оброк.

Постпородилно слабеење: зошто е важно да си дадете време
По породувањето, телото минува низ големи физички и хормонални промени, па сосема е нормално враќањето во форма да не се случи веднаш. Наместо притисок и нереални очекувања, најважно е фокусот да биде ставен на закрепнувањето, енергијата и грижата за сопственото здравје.

5 афирмации што ќе ти донесат повеќе мир и самодоверба
Афирмациите се едноставни, но моќни реченици што нè потсетуваат на нашата вредност, сила и внатрешен мир. Понекогаш доволна е една мисла што ќе нè смири, охрабри или потсети дека сме доволни токму такви какви што сме.

Тивкиот burnout што долго останува незабележан
Burnout не се случува одеднаш. Не е еден лош ден, ниту само период на замор. Тој се гради полека, низ секојдневието — кога постојано си уморна, кога немаш време за одмор и кога само продолжуваш, иако чувствуваш дека ти е премногу.

Помалку споредување, повеќе мир
Во денешно време, споредувањето доаѓа речиси автоматски. Социјалните мрежи се полни со „совршени“ моменти: чисти домови, мирни деца, насмеани мајки и организирани денови без хаос. И лесно е да се добие чувство дека сите други се снаоѓаат подобро.

Утрински ритуали: мали моменти што го менуваат целиот ден
Ритуалите не се луксуз и не бараат дополнително време. Тие се мали, свесни навики што ѝ помагаат на мајката да не се изгуби во секојдневниот хаос.

Fight or flight режим: кога телото постојано е под стрес
Постојано се чувствувате напнато и под стрес? Дознајте што е „fight or flight“ режим, како влијае врз вашето тело и едноставни начини како да се вратите во состојба на смиреност и баланс.